Достапни линкови

Советот на Европа испраќа „ад хок“ набљудувачи на изборите


Парламентарното Собрание на Советот на Европа одлучи да испрати „ад хок“ комисија за набљудување на предвремените парламентрани избори во Македонија. Одлуката за набљудување на изборите беше донесена изутрината од Бирото на Собранието. Според претседателот на организацијата Мевлут Чавошоглу, паневропската асамблеја одлучила да испрати изборна мисија во Македонија, иако барем засега не е добиена официјална покана од македонските власти за набљудување на изборите. Советот на Европа ќе испрати и предизборна мисија, еден месец пред гласањето.
XS
SM
MD
LG