Достапни линкови

Распуштање на Собранието


Во четврток седница за распуштање на Собранието
Во четврток седница за распуштање на Собранието

НСДП не доаѓа, а во СДСМ се уште молк дали ќе присуствуваат на седницата за распуштање на Собранието што ќе се одржи во четврток.

Пратениците во четврток ќе гласаат за распуштање на Собранието, а во петок треба да бидат распишани предвремени парламентарни избори. Ова го најави претседателот на законодавниот дом Трајко Вељаноски по координацијата со потпретседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи.

Вељаноски ги повика сите пратеници да
Мислам дека треба да бидеме коректни. Да кажуваме дека несакаме бојкот, а да бојкоториме, тоа е веќе некоректност. Јас сакам сите пратеници што се избрани од граѓаните на Македонија, да ги застапуваат нивните интереси овде во Собранието, да дојдат, да смогнат сили да ја изгласаме одлуката за распуштање на Собранието.
присуствуваат на утрешната седница на која ќе се гласа новиот претседател на ДИК и на таа во четврток за распуштање на Парламентот, со цел избраниците на народот да ги кажат своите ставови и гласачите да ја одберат својата опција.

„Мислам дека треба да бидеме коректни. Да кажуваме дека не сакаме бојкот, а да бојкоториме, тоа е веќе некоректност. Јас сакам сите пратеници што се избрани од граѓаните на Македонија, да ги застапуваат нивните интереси овде во Собранието, да дојдат, да смогнат сили да ја изгласаме одлуката за распуштање на Собранието.“

Флора Кадриу од Нова демократија вели дека пратениците на партијата ќе присуствуваат само на седницата во четврток, бидејќи излезот од парламентарната политичка криза за која е виновна владејачката коалиција е распишување на предвремени парламентарни избори.

Трајко Вељаноски

„Ние остануваме на ставот дека денот кога во Собранието ќе биде поставена точката, односно одлуката за распуштање на Собранието, пратениците на Нова демократија ќе бидат присутни.“

НСДП нема да и даде легитимитет на одлуката на власта, бидејќи не биле прифатени нивните барања за одржување на фер и демократски избори, вели нејзиниот лидер Тито Петковски.
Ако не ни дадоа можност да се договориме околу содржината на изборниот законик која е тогаш целта да одиме сега и да им дадеме поддршка на одлуката за распуштање на Собранието.


„Ако не ни дадоа можност да се договориме околу содржината на изборниот законик која е тогаш целта да одиме сега и да им дадеме поддршка на одлуката за распуштање на собранието. Ние кажавме дека сме за предвремени избори, а тоа парламентот и онака со мнозинство одлучува таму.“

Потпретседателот на ЛДП Андреј Жерновски вели дека партијата останува на ставот дека единственото решение се предвремените избори и тие и натаму ќе ја водат битката по институционален пат.

„ЛДП е опозициона партија која остана во Собранието на Македонија, затоа што институционално сака да ја води битката против оваа власт и ние ќе присуствуваме на седницата.“

Од СДСМ не добивме одговор. Предвремените парламентарни избори треба да бидат одржани на 5 јуни.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG