Достапни линкови

Приведени две жени во Франција кои протестираа против забраната за бурки


Нантес - забулена жена која беше казнета во Франција

Две жени кои носеа ниџаб беа приведени денеска во Франција на протестот кој се одржа против забраната за носење на облека за покривање на лицето во јавност. Десетици луѓе протестираа пред катедралата Нотре Дам. Претставник на полицијата изјави дека жените не биле приведени поради тоа што носеле превези, туку поради нивното учество на непријавен протест. Франција е прва земја во светот која воведе забрана за покривање на лицето во јавност.

XS
SM
MD
LG