Достапни линкови

logo-print

Во четврток распуштање на Собранието на Македонија


Седницата за распуштање на Собранието на Република Македонија, претседателот на законодавниот дом Трајко Вељаноски ќе ја закаже за во четврток на 14 април.
Одлуката за распишување на предвремените парламентарни избори, како што најави Вељаноски по денешната координација, се очекува да ја потпише на 15-ти овој месец.
На координативната средба што се одржа денеска претпладне тој доставил одлука за распуштање на Парламентот и во текот на денешниот и утрешниот ден очекува и пратениците од владејачкото мнозинство, но и пратениците од опозицијата да се потпишат на овој документ.
XS
SM
MD
LG