Достапни линкови

logo-print

Проширување на зоната за евакуација околу Фукушима?


Јапонската влада се подготвува да ја прошири евакуационата зона околу оштетената нуклеарна централа Фукушима. Сегашната зона за евакуација е 20 километри околу нуклеарката, но владиниот портпарол Јукио Едано денеска ги повика жителите од пошироката околина да бидат подготвени за евентуална евакуација доколку новите мерења покажат зголемено ниво на радијација. Инаку денеска во Јапонија со минута молчење беше одбележан точно еден месец од катстрофалниот земјотрес и цунамито што ја погоди таа земја, при што околу 28 илјади луѓе загинаа или се изчезнати, а 150 илјади луѓе останаа без своите домови.
XS
SM
MD
LG