Достапни линкови

Африканска мисија во Либија


Гадафи и делегацијата на Африканската унија

Гадафи и делегацијата на Африканската унија

Африканската унија во мировна мисија во Либија. По средбата со Гадафи во Триполи, кој го прифатил таканаречениот план за мир, преставниците на Унијата на разговори и во Бенгази со бунтовниците. Проблемот е што Гадафи не сака да ја напушти власта, а за бунтовниците тоа е услов за мир во Либија.

Претседателот на Јужна Африка Џејкоб Зума соопшти дека либискиот водач Моамер Гадафи го прифатил предлогот за ставање крај на конфликтот во Либија. Зума ја предводи делегацијата на африканските лидери кои вчера пристигнаа во Триполи на разговори со Гадафи. Тој во Триполи, по разговорите со Моамер Гадафи, изјави дека таканаречениот роад мап за либискиот лидер на револуцијата е прифатлив. Во планот е вклучен и прекин на огнот.

Еве што изјави алжирецот Рамтаме Ламамра, комесар и за мир и стабилност на Африканската унија по средбите во Триполи.

„Лидерот на револуцијата потврди дека го прифаќа планот на Африканската унија кој се состои од следниве елементи - најпрвин, прекин на огнот, второ соработка на либиските власти за достава на хуманитарна помош за потребите на населението.“

Рамтаме Ламамра

Лидерот на Јужна Африка Зума го повика НАТО да ги запре воздушните напади врз либиските владини цели за да се даде шанса за прекин на огнот меѓу силите на Гадафи и бунтовниците кои сакаат да стават крај на неговото владеење.

Бунтовниците, од своја страна, најавија дека ќе го разгледаат планот на Африканската унија за прекин на огнот, но додаваат дека за нив е прифатливо единствено Гадафи да ја напушти власта по 40-годишното владеење во Либија. Режимот на Моамер Гадафи, пак, соопшти дека тој не ги прифаќа нивните барања да ја напушти власта.

Комесарот и за мир и стабилност Рамтаме Ламамра го соопшти ставот на Африканската унија.
Генерален принцип на Африканската Унија е дека либискиот народ сам треба да си ги избере своите лидери.

„Генерален принцип на Африканската унија е дека либискиот народ треба демократски да си ги избере своите лидери. Тоа не е работа на надворешни фактори. Тоа не е ниту наша работа – на Африканската унија да решаваме кој треба да бидат лидери на либискиот народ.“

Високата делегација на Африканската унија ја сочинуваат уште и претседателите на Мавританија, Мали, Конго, и министерот за надворешни работи на Уганда.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG