Достапни линкови

Американската економија ќе се консолидира до крајот на годинава


Американската економија ќе се консолидира во оваа година и покрај забавувањето во првиот квартал, се вели во анализата на Вол Стрит Џурнал. Според истиот извор, 56 економисти ги намалиле предвидувањата за растот во првиот квартал од годинава од 3,2 насто на 2,7 насто. Како главни фактори за намалувањето на предвидениот раст се наведуваат земјотресот во Јапонија и високите цени на нафтата. Сепак економистите предвидуваат дека до крајот на годинава цените на нафтата ќе паднат под 100 долари за барел и оти во четвртиот квартал економсиот раст би можел да изнесува 3,6 насто.
XS
SM
MD
LG