Достапни линкови

logo-print

Африканската унија во мировна мисија во Либија


 Либискиот лидер Муамер Гадафи

Либискиот лидер Муамер Гадафи

Претседателот на Јужна Африка Џејкоб Зума соопшти дека либискиот водач Муамер Гадафи, го прифатил предлогот за ставање крај на конфликтот во Либија. Зума ја предводи делегацијата на Африканските лидери кои вчера пристигнаа во Триполи на разговори со Гадафи. Лидерот на Јужна Африка го повика НАТО да ги запре воздушните напади врз либиските владини цели да се даде шанса за прекин на огнот меѓу силите на Гадафи и бунтовниците кои сакаат да стават крај на неговото владеење.
Висока делегација на Африканската унија ја сочинуваат уште и Претседателите на Мавританија, Мали, Конго, и министерот за надворешни работи на Уганда. По разговорите со Гадафи, предвидено делегацијата да отпатува во бунтовничкото упориште Бенгази на истокот на земјата на разговари со бунтовниците.
XS
SM
MD
LG