Достапни линкови

logo-print

Светот во 2010 трошел помалку на оружје


Многу држави ги намалиле своите воени трошоци во 2010 година, делумно заради реакцијата на светската финансиска криза, покажа истражувањето на меѓународниот институт за мировни истражувања во Стокхолм. Според истражувањето глобалните воени трошоци минатата година изнесувале 1,6 билиони долари, што е за само 1,3 проценти пораст од 2009.
Институтот соопшти дека ова е најниската стапка на пораст во последната
деценија. Во извештајот се вели дека САД остануваат најголемиот воен потрошувач во светот, тие за оружје минатата година потрошиле 689 милијарди долари што е претставува 43 проценти од вкупната потрошувачка во светот. Кина се наоѓа на второто место, а потоа следат Велика Британија и Франција. Други топ 10 потрошувачи се Русија, Јапонија, Саудиска Арабија, Германија, Индија и Италија.
XS
SM
MD
LG