Достапни линкови

logo-print

Десетина опозиционери приведени во Русија


Москва - денеска

Москва - денеска

Десетина руски опозициски активисти беа приведени денеска, откако се обидоа да организираат марш пред канцелариите на претседателот, последен од серијата протести наречени „Ден на бесот“. Стотина луѓе се собраа на плоштад во Москва и почнаа да маршираат кон канцелариите на Кремлин за да ги искажат своите барања. Полицијата во рускиот главен град не им дозволи на насобраните да пристапат до владината зграда. Руските опозициски групи до сега многупати се жалеа за ограничена слобода на јавен собир.
XS
SM
MD
LG