Достапни линкови

logo-print

Локализиран пожарот кај туристички центар Банско


Големиот шумски пожар, што избувна во југозападниот дел на Бугарија, во близина на зимскиот туристички центар Банско, е локализиран, изјави началникот на противпожарната бригада во Благоевград, Костадин Ташков.
Во гаснењето на огнот учествувале околу 500 пожарникари и припадници на шумската секција, десетина противпожарни возила, хеликоптер и друга механизација. Пожарот избувна синоќа и набрзо зафати површина од 200 хектари борова шума. Гаснењето на огнот беше отежнато од силниот ветер и непристапниот терен.
Во Бугарија утрово е изгаснат уште еден пожар во Општина Петрич на бугарско-македонската граница.
XS
SM
MD
LG