Достапни линкови

Нови немири во северот на Сирија


Од немирите во градот Дара

Од немирите во градот Дара

Истрели од огнено оружје се слушаат од град во северниот дел на Сирија, сведочат активисти за човекови права. Согласно нивните изјави, сиријската војска го забранила пристапот кон градот Баниас, поставила контролни пунктови и ги прекина комуникациските врски со населеното место. Активистот Мазен Дарвиш изјави дека безбедносните сили најверојатно им се спротиставуваат на демонстранти во пристанишниот град. Според него, најмалку два тенкови биле испратени кон Баниас, со цел да се заштитат изворите на нафта во близина на градот. Дарвиш се повика на изјавите на очевидци од регионот, но неговото сведочење за сега не може да се потврди. Ова е трет инцидент во последниве неколку дена, откако повеќе од 20 лица загинаа во петокот во судири со вооружените сили во градот Дара. Вчера пак, нови немири избија во градот во јужниот дел на земјата за време на погребалните церемонии за жртвите од петокот, инцидент при кој, според изјави на активисти, 28 лица биле убиени. Демонстрантите бараат спроведување на реформи. Претседателот на Сирија Башар Ал Асад, од друга страна, во изјава за државната новинска агенција рече дека државата „се движи напред на патот кон сеопфатни реформи“.
XS
SM
MD
LG