Достапни линкови

НАТО уништи 25 тенкови во Либија


НАТО денеска соопшти дека во воздушните напади во Либија биле уништени дваесет и пет тенкови на силите лојални на лидерот Муамар Гадафи. Единаесет возила биле погодени на пат кон Ајдабија, градот кој беше мета на про-владините војници. Четиринаесет тенкови биле уништени во околината на Мисрата, единствениот град во западниот дел на Либија кој е под контрола на анти-владините демонстранти. Во меѓувреме, бунтовниците соопштија дека заробиле петнаесетмина алжирски платеници и убиле уште тројца нивни соработници во престрелка во Ајдабија. Приврзаниците на опозицијата долго време го обвинуваа лидерот на северноафриканската земја за најмување на странски платеници.
XS
SM
MD
LG