Достапни линкови

Екс - претседателот на Египет ги отфрли обвинувањата за корупција


Поранешниот претседател на Египет Хосни Мубарак денеска изјави дека нема основа за обвиненијата за корупција против него и неговото семејство. Мубарак, во снимена изјава, вели дека ќе ги искористи сите правни механизми за заштита на сопствениот и угледот на неговото семејство. Во меѓувреме, илјадници демонстранти се уште се забарикадирани на плоштадот во Каиро и бараат оставка на воениот совет кој моментално ја има контролата во земјата. Од војската не ја исклучија можноста за употреба на сила за растурање на демонстрациите на плоштадот Тахир, епицентарот на протестие во Египет поради кои Мубарак отстапи од лидерската функција.
XS
SM
MD
LG