Достапни линкови

СДСМ обвини за партиски вработувања во МВР, власта реагира


СДСМ ја обвини власта дека ги изманипулирала дипломираните студенти на државниот Факултет за безбедност со образложение дека нема законска обврска да ги прими на работа, и оти и со последните вработувања во МВР продолжила со праксата на, како што велат, вработувања на партиски и нестручни кадри. „Со ваков принцип на работа, Македонија, за жал, се повеќе наликува на поранешните латино-американските режими, Либија и Северна Кореја, каде фамилијарни врски се пресудни во полициските структури“ изјави Виктор Димовски, член на Извршниот одбор на партијата.
„Нема поголем непотизам од тоа фирма на син на вработен во кабинетот на Црвенковски, да добие 530 илјади евра за сомнително и нетранспарентно завршена работа. И нема поголем непотизам од тоа син на поранешен функционер и пратеник во Собранието на РМ да стане претседател на подмладок на политичка партија“ изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ пред седиштето на партијата.
XS
SM
MD
LG