Достапни линкови

Претседателот Иванов утре во посета на Унгарија


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Република Унгарија. Шефот на државата в понеделник ќе има тет-а-тет средба со својот унгарски колега Пал Шмит, а ќе се сретне и со премиерот на Унгарија Виктор Орбан. За вторник е предвидена средба со претседателот на унгарскиот Парламент Ласло Ковер по која, високата македонска делегација предводена од Иванов ќе го посети Универзитетот во Будимпешта и ќе се сретне со ректорот и деканот на Факултетот за хуманистички науки. Планирани се и средби со студенти по македонски јазик, како и посета на кампусот.
XS
SM
MD
LG