Достапни линкови

Истрелана ракета од појасот Газа кон југот на Израел


нападот на израелски училишен автобус ги интензивираше „препукувањата“ меѓу Израел и Палестинците

нападот на израелски училишен автобус ги интензивираше „препукувањата“ меѓу Израел и Палестинците

Палестинските милитанти истрелале ракета кон јужниот дел на Израел утрово, по што израелските власти најавија „многу построги реакции“ доколку продолжат нападите. Со тоа, бројот на загинати во последните немири во појасот Газа и Израел се искачи на 19 лица. Израелската армија соопшти дека палестинските милитанти истрелале 120 ракети од четвртокот до денеска. Последниот напад се случи пред понудата за примирје која израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак ја соопшти во радио интервју. Милитантите од Хамас одговорија дека сакаат крај на насилствата.
XS
SM
MD
LG