Достапни линкови

Најмалку 28 загинати во Сирија, соопштија активисти


од протестите на први април

од протестите на први април

Најмалку 28 лица загинале во немирите во Сирија вчера во градот Дара, соопштија денеска активистите за човекови права во земјата. Безбедносните сили ги нападнаа демонстрантите кои присуствуваа на погребална церемонија на загинатите во протестите во петокот. Дара е еден од епицентрите на антивладините демонстрации преку кои се бараат реформи. Претходно, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изрази загрженост за состојбите во Сирија, посебно за извештаите за 27 жртви во петокот во Дара и околните села.
XS
SM
MD
LG