Достапни линкови

Иран избрка тројца кувајтски дипломати осомничени за шпионажа


Иранската државна телевизија „Прес ТВ“ јави дека официјален Техеран избркал тројца дипломати од Кувајт поради сомненија за шпионажа. Од друга страна, во Кувајт, двајца Иранци и еден жител на земјата беа обвинети за соработка со шпионска мрежа. Односите на Иран со соседните земји во арапскиот свет се заоструваат откако иранските власти изразија подршка на протестите кои избиваат во неколку држави во блискиот исток. Лидери на арапските држави неодамна се состанаа да го дискутираат „мешањето на иранската влада“ во внатрешните работи на нивните држави, откако официјален Техеран го оспори исраќањето на странски трупи за смирување на немирите во Бахреин.
XS
SM
MD
LG