Достапни линкови

Триесетмина загинале во Мисрата, тврдат либијските бунтовници


Портпарол на либијските бунтовници изјави дека триесетмина загинале во офанзивата на силите лојални на лидерот Муамар Гадафи во градот Мисрата. Претставникот на антивладините сили, кој се претстави како Абдулсалем, појасни дека силите на Гадафи го нападнале градот Мисрата од три страни во саботата. Абдулсалем вели дека бунтовниците успеале да го возвратат нападот на либијската војска и да ги спречат трупите на Гадафи. Претставник на НАТО, кој побара да остане анонимен, потврди дека силите на меѓународната коалиција уништиле 15 тенкови на лојалистите на либијскиот лидер.
XS
SM
MD
LG