Достапни линкови

Безбедноста во Липково, добра


Жители на Липково

Жители на Липково

И покрај последниот инцидент кога вооружена група пресретна и ограби ветеринарна екипа, локалната власт и жителите велат дека безбедноста во општина Липково е добра.

Последниот инцидент што неодамна се случи во планинското село Гошинце, кога тројца маскирани и вооружени се уште непознати лица пресретнале и ограбиле четиричлена ветеринарна екипа, за локалната власт во Општината Липково и за месното население, тоа не е причина за нарушување на севкупната безбедност. Без оглед, како што велат тие, пред точно една деценија во овој реон имаше воен конфликт. На тоа време нерадо се сеќаваат Албанците од сите липковски села. За безбедноста сега тие велат:
Ги има секаде, во центарот на државата секој ден се грабат банки. Тоа е незамисливо. Тука е рурално подрачје. Тоа се прашања за МВР. Не станува збор за такви инциденти од таков размер за да биде интересна случка или било што.

„Па нормално, ама тешко.“

„Безбедно е и не ни смее да има проблеми.“

„Добро. Мирно. Работа немаме, пари нема и тоа е најголем проблем.“

За инцидентот на Скопска Црна Гора, жителите на Липково велат дека дознале од медиумите, но:

„Ги има секаде, во центарот на државата секој ден се грабат банки. Тоа е незамисливо. Тука е рурално подрачје. Тоа се прашања за МВР. Не станува збор за такви инциденти од таков размер за да биде интересна случка или било што.“

Неџади Османи, секретар во Општината Липково, не ги знае деталите за инцидентот, меѓутоа вели дека:

Липково

„Во Липково е добро да се живее, безбедноста е на ниво. Безбедно е. Некои работи што се појавуваат се маргинални и не заслужуваат особено внимание, бидејќи секаде има луѓе што се занимаваат со недозволени работи, на пример, крадат дрва. Сечат бесправно и веројатно не им одговара почитување на законот, доаѓаат во судир со него и прават работи што не доликуваат.“

Османи прави паралела со периодот непосредно по конфликтот кога немало полиција и раскажува:

„Многу е интересно тоа што во Општина Липково немаше криминал, убивање и слично, иако не функционираше ниту еден сегмент од власта. Кражби. Кражби има, има и во Скопје и во Прилеп и во Тетово и никогаш нема да престанат. Замислете го Куманово само 24 часа без полиција. Што
Во Липково е добро да се живее, безбедноста е на ниво. Безбедно е. Некои работи што се појавуваат се маргинални и не заслужуваат особено внимание, бидејќи секаде има луѓе што се занимаваат со недозволени работи, на пример, крадат дрва.
ќе настане!“

РСЕ: Се жалат ли жителите за безбедноста?

„Во Липково е битно што може да се живее безбедно бидејќи немаме проблеми од голем замав, а граѓаните се жалат за некои работи за кои ние не сме надлежни. На пример, со шумите стопанисува Шумско стопанство на Македонија, надлежна е полициската станица во Матејче и Шумската полиција од Куманово. Генерално шумата многу е оштетена. Од 2000-та наваму се правеше бесправна сеча, на диво. Сега информациите кажуваат дека нема ниту толку дрва. Голем дел е исечен, па нема ни толку луѓе кои толку сечат, ама сепак има. Ние како општина не го подржуваме тоа, ние сме за почитување на законот и редот и мирот.“

На конфликтот Османи не сака да се сеќава. Но, како што вели не може сеуште да го најде одговорот на прашањата кои една деценија го мачат.

„Во почетокот на конфликот можев да бегам. Бев секретар во општината. А потоа кога сакав, тогаш не можев. Јас не сакам никогаш да се случи конфликт. Лесно е да се зборува и да се гледа од страна. Секогаш велам, кој сака војна нека ја бара во Куманово или во Скопје, ама не во Липково. Ние сме биле тука, не баравме ништо. Немавме леб, не се ни трудевме толку за да имаме. Немавме струја, ама и струја не сакавме да имаме. Ние само сакавме да престанат пукањата. Децата беа во не знам каква состојба. Сакавме само да престанат пукањата и да продолжиме да живееме нормално како и сите други граѓани. Понекогаш и парите не ти вредат. Еднаш се раѓа човекот и еднаш умира. Зошто си роден? Да живееш.“

Бидејќи како граѓани на оваа држава во која Албанците партиципирале соодветно Османи раскажува:

„Најтешко ми беше тогаш, а и ден -денес. Не знам, како можеше државата да гаѓа со таков арсенал, со стотина илјади фрлени гранати! Како може една држава во која живеевме и продолживме да живееме заедно. Зошто? Државата немаше стратегија.“

Османи вели дека за него виновникот за конфликтот била власта.

„Политички почна власта, не македонскиот народ. Ние како Албанци бевме принудени да студираме во Приштина, а нашите деца во мешани паралелки учеа македонски. Нашите пратеници не успеаја ниту еден амандман да протуркаат. Ништо не беше прифатено. По конфликтот сето што бараа Албанците- добија. Можеше и без конфликт, да имаше разбирање, зашто ние сме граѓани на оваа држава. Јас мислам дека е виновна власта.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG