Достапни линкови

Русија се подготвува за прослава во чест на Гагарин


Русија се подготвува за одбележување на 50 годишнината од првиот лет во вселената со човечки екипаж – 108 минутната обиколка околу Земјата на рускиот астронаут Јуриј Гагарин. Руската вселенска агенција во Москва покани 49 шефови на вселенски агенции, како и космонаути кои учествувале во мисии, на прославата која е закажана во вторник. Успесите на Гагарин ќе се одбележат на повеќе места. Во негова чест се планираат фестивали во повеќе од 54 земји. Погледнете го видеото на Радио Слободна Европа за Гагарин тука
XS
SM
MD
LG