Достапни линкови

Израел е подготвен за примирје со милитантите од Хамас


Ехуд Барак

Ехуд Барак

Министерот за одбрана на Израел изјави дека неговата земја е подготвена да договори прекин на огнот со милитантите од Хамас во појасот Газа. „Ако тие престанат да пукаат кон нашите заедници и ние ќе прекинеме со огнот“ изјави Ехуд Барак во интервју за израелското радио. Насилството меѓу двете страни ескалираше по нападот на израелски автобус кој превезувал ученици, во кој еден тинејџер беше тешко ранет. Од тогаш 19 палестински милитанти и цивили загинаа во неколку инциденти.
XS
SM
MD
LG