Достапни линкови

Војската во Египет подготвена со сила да ги растури протестите


Војската во Египет е подготвена да употреби сила за да ги растури протестите во центарот на Каиро. Предупредувањето следи откако илјадници демонстранти се забарикадираа на плоштадот Тахир, барајки оставка на владеачкиот воен совет. Немирите ескалираа во саботата, кога војската интервенираше за да ги растури демонстрациите, при што еден загина а седумдесетмина се повредени. Соединетите американски држави изразија загриженост за настаните на плоштадот Тахир, епицентарот на немирите поради кои претседателот Хосни Мубарак се повлече од функцијата.
XS
SM
MD
LG