Достапни линкови

Нова потрага по жртви од земјотресот во Јапонија


Јапонските власти денеска организираат нова потрага по телата на настраданите во земјотресот кој ја погоди земјата минатиот месец и предизвика цунами бранови. Над 22.000 јапонски војници придружени од 110 воени лица од Соединетите американски држави ќе учествуваат во потрагата на копно и во вода. Се стравува дека повеќе од 25,000 лица настрадале во природната катастрофа на 11 март. До сега се потврдени 13,000 жртви. Многу од телата веројатно се во морето и може никогаш да не бидат пронајдени.
XS
SM
MD
LG