Достапни линкови

logo-print

Нови немири во Либија, силите на Гадафи напредуваат


Силите лојални на лидерот Муамар Гадафи се пробиваат кон градот Ајдабија, еден ден откако приврзаниците на опозицијата напреднаа на осумдесетина километри до Брега, клучна нафтена локација во северноафриканската земја. Судири се регистрирани во Мисрата, населеното место кое беше под контрола на анти владините демонстранти. Според медиумските извештаи, најмалку четворица цивили загинале во насиството. Од британското Министерство за надворешни работи соопштија дека нивните авиони бомбардирале седум тенкови на либијската армија во близина на Мисрата и Ајдабија. Во меѓувреме, продолжуваат дипломатските напори за примирје. Идната недела министри од земјите членки на Европската унија би требало да се сретнат со претставници на либијската опозиција.
XS
SM
MD
LG