Достапни линкови

Грчката пошта „печати“ потсетник за ПЈРМ


илустрација

илустрација

Грчката пошта им резервира посебна обработка на писмата испратени од Македонија кои се на пропатување, транзит, низ нејзините сервиси, а се испратени за во странство, јави МИА. На писмата со потекло од Македонија кои можат да се идентификуваат само преку поштенската марка на која е напишано на кирилица „Република Македонија“ или на адресата на испраќачот стои Република Македонија, грчките поштари ставаат добро видлив печат, повидлив и од адресата на примачот, на кој на грчки и англиски јазик е напишано „Грција ја има признато под името ПЈРМ“. Останува нејасно дали грчките пошти ги проверува, поединечно ги контролира и со свој печат ги „обележува“ сите писма кои транзитираат од Македонија преку Грција за во странство.
XS
SM
MD
LG