Достапни линкови

logo-print

Дијалог реформи и решение на спорот со името


Решение за името, дијалог и реформи - препораки на претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо

Многу е важно оваа година земјата да ja задржи динамиката на своите реформи, инаку ќе постои голем ризик земјата да заостане во пристапниот процес. Важно е да се реши и прашањето со името, што е можно поскоро. Веруваме дека вашата земја треба да продолжи со преговорите со ЕУ. Ние го дадовме тој предлог, но за ова е потребно да се реши прашањеето со името и се надевам дека ќе биде решено, подобро поскоро отколку подоцна, изјави првиот човек на Европската комисија Жозе Мануел Баросо по средбата со премиерот Никола Груевски во Охрид.

Тој на премиерот му ја посочил потребата за напредок во политичкиот дијалог, судската и административната реформа, како и во борбата против корупцијата. Баросо исто така предложил воспоставување дијалог на високо ниво за пристапување, преку средби што ќе се одржуваат двапати годишно во Брисел и Скопје.

Според Груевски тоа ќе овозможи еден одржлив механизам за размена на гледишта и регуларен мониторинг на политичките критериуми, но и на клучните реформски одредници, нотирани во извештајот за напредокот од претходната година.

„Разговаравме за уникатниот предизвик со кој се соочува Македонија, со каков што досега не се соочувала ниту една земја-кандидат во процесот на пристапуцвање во ЕУ, а тоа е спорот за името со Грција. Ги претставив нашите напори за решавање на овој спор и го потврдив значењето од изнаоѓање заемно прифатливо решение под покроителство на Обединетите нации. Спорот за името го загрозува остварувањето на нашите национални приоритети и затоа ќе продолжиме да бидеме интензивно ангажирани за тој да биде што поскоро надминат“, рече премиерот.

Решете го спорот со името сега

Не треба да има нејаснотии или двосмислености, токму сега е времето за решение за прашањето околу името, треба да се искористи таа нова клима на доверба меѓу вашата земја и Грција, порача Баросо при обраќањето на
...дозволете ми да ви дадам пријателски совет - Решете го прашањето сега...
трибината „На патот кон интеграцијата во ЕУ: Партнери во реформите за наша заедничка европска иднина“ што се одржа во Охрид. „Имаше многу состаноци, одржани и под покровителство на ОН, како и директни контакти на премиерите Груевски и Папандреу. Папандреу ме увери во неговата лична заложба да се изнајде решение, така што сметам дека ова е можност што не смее да се испушти, рече Баросо. Тој потсети на политичка реалност, дека изнаоѓањето решение за прашањето околу името навистина ќе го зајакне и забрза процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ.

„ Јас многу добро разбирам колку голема е чувствителноста по однос на ова прашање, како и впрочем сите прашања што се поврзани со идентитетот. Знам за историјата, знам колку се длабоки емоциите за ова прашање, тоа го почитувам, но дозволете ми да ви дадам пријателски совет - Решете го прашањето сега“ нагласи Баросо.

Цврста европска иднина

Европската иднина на вашата земја е цврста, а вашата земја ја сметаме за дел од европското семејство. Но, сега е важно да се продолжи целосно на патот напред кон ЕУ. Сакаме да станете членка и да се приклучите во европското семејство. Европското членство е врата кон стабилноста и просперитетот, но за да се успее во тоа, сите политички
Сега е важно да се продолжи целосно на патот напред
кон ЕУ.
актери треба да се потпираат на овој витален проект од нивна страна. Тоа е проект на кој треба да се гледа од стратешка перспектива како широк национален консензус, затоа што она што е во иднината не е само за утре и задутре, туку и се однесува на иднината на многу генерации, рече Баросо во обраќањето пред медиумите.

Знак дека земјата има остварено одреден напредок, според Баросо, е препораката за отпочнување на претпристапните преговори со Унијата.

Економска соработка

Во втората половина на оваа година во Македонија ќе се одржи конференција на високо ниво, посветена на економските перспективи, како и за начините за конкретна поддршка на развојот на македонското стопанство, најави претседателот на Европската комисија. За начините како ЕУ може да ја помогне македонската економија, Баросо потсети на економските агенди на Унијата, насочени токму за подобрување на економската сфера.


„Тука е агендата „Европа 20/20“. Веруваме дека некои од принципите согласно агендата можат да се имплементираат и со државите-кандидатки, дури и пред да станат полноправни членки на Унијата. Нашиот состанок не е завршен, сигурен сум дека на престојниот работен ручек ќе подискутраме повеќе на еконоски прашања, за кои знам дека се од исклучителна важност за вашите граѓани“, рече Баросо.

Груевски во врска со економската ситуација го запознал претседателот на ЕК дека ефектите од светската економска криза во македонската економија значајно попуштаат, како и за мерките и политиките што Владата ги презела.

Покренато прашањето за јазикот

Претседателот Ѓорѓе Иванов, по средбата со Баросо, го покрена прашањето за нотирање на службениот јазик во Македонија во извештаите на Комисијата.

„Сигурен сум дека како претседател на Европската комисија и како личност која е силно посветена на принципите за почитување на европскиот културен и јазичен диверзитет, не е потребно да бидете убедуван дека јазикот на кој јас ви се обраќам сега е македонски. Затоа апелирам до Вас како личност која знам дека е длабоко посветена на почитувањето на идентитетот, културата и јазикот, да го преземете водството за надминување на овој фундаментално неправеден пристап кон Република Македонија и нејзините граѓани“, рече Иванов

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG