Достапни линкови

Претседателот Иванов се сретна со шефот на ЕК Баросо


Претседателот Ѓорѓе Иванов се сретна со претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо. „Теми на средбата беа актуелните политички состојби во Република Македонија, европските перспективи на земјата, како и тековните настани во процесот за надминување на разликата околу името со нашиот јужен сосед“ се вели во писменото соопштение од кабинетот на претседателот. „ Претседателот Баросо високо ја цени улогата на Претседателот Иванов на регионален план, поздравувајќи ја и претстојната средба на претседателите на Македонија, Црна Гора, Албанија и на Косово што ќе се одржи во јули во Охрид и во тој контекст изрази задоволство што на агендата на таа средба ќе биде соработката во конкретни инфраструктурни проекти кои ЕК е подготвена да ги рагледа и поддржи“ се дополнува во соопштението.
XS
SM
MD
LG