Достапни линкови

Европската иднина на Македонија е цврста, смета Баросо


Европската иднина на вашата земја е цврста, а вашата земја ја сметаме за дел од европското семејство. Но, сега е важно да се продолжи целосно на патот напред кон ЕУ. Сакаме да станете членка и да се приклучите во европското семејство на нации. Европското членство е врата кон стабилноста и просперитетот, но за да се успее во тоа, сите политички актери треба да се потпираат на овој витален проект од нивна страна. Тоа е проект на кој треба да се гледа од стратешка перспектива како широк национален консензус, затоа што она што е во иднината не е само за утре и задутре, туку и се однесува на иднината на многу генерации, рече претседателот на Европската комисија Жосе Мануел Баросо во обраќањето пред медиумите по денешната средба со премиерот Никола Груевски во Охрид. Запрашан за оценка на активностите на државата и Владата во насока на исполнување на европските стандарди, Баросо рече дека земјата остварува напредок, за што како потврда го посочи и неодамнешниот предлог за отпочнување преговори за членство.
XS
SM
MD
LG