Достапни линкови

Мирослав Лајчак привремено ќе ја извршува функцијата на Питер Фејт во Приштина


Питер Фејт

Питер Фејт

Шефот на дипломатската служба на Европската унија за Балканот, Мирослав Лајчак привремено ќе ја извршува должноста специјален пратеник на Унијата за Косово, откако кон крајот на овој месец ќе истече мандатот на Питер Фејт, пишува денеска приштинскиот весник „Коха диторе“. Одлуката Лајчак да ја преземе оваа должност се смета за победа на неколку земји од ЕУ, кои се против независноста на Косово, пишува весникот. „Коха диторе“ наведува дека откако Косово со вмешување на американскиот амбасадор Кристофер Дел избра претседател и времено излезе од институционална криза, на ред е ЕУ да ја изнесе својата позиција за Косово.
XS
SM
MD
LG