Достапни линкови

logo-print

Саркози и Тадиќ во Париз разговарале за метрото во Белград


Претседателите на Србија и на Франција, Борис Тадиќ и Никола Саркози разговараа во Париз за можностите на Спогодбата за стратешко партнерство меѓу двете земји, а една од точките беше и изградбата на белградско метро. Во изградбата на метрото во Белград ќе учествува француската фабрика „Алстом“. „Во Спогобата се наведува дека француската фабрика е во трката за изградба на првата линија на белградското метро за износ од околу една милијарда до 1,2 милијарди евра. Но преостанува договорот околу финансиските модалитети за изградба на метрото“ се наведува во соопштението на кабинетот на Саркози. Тадиќ изјави дека следните месеци ќе биде пронајден модалитетот за финансирање на изградбата на метрото. Тој додаде дека овој проект ќе биде конкретен споменик на српско-француската соработка.
XS
SM
MD
LG