Достапни линкови

Борби во Појасот Газа, 12 загинати


Дванесет луѓе загинале во изминативе 24 часа во борбите меѓу изарелските сили и палестински милитантни групи во Појасот Газа. Тоа е најсмртоносен ден од декември 2008 година кога израелската армија изври офанзива врз Појасот Газа кога беа убиени над 1400 палестинци, половината од нив цивили. Денеска од Појасот Газа биле истрелани триесетина гранати врз израелска територија, но притоа немало жртви, јави израелското радио. Во истовреме, од напад извршен со израелски тенк загинал еден палестинец.
XS
SM
MD
LG