Достапни линкови

Почна средбата Груевски - Баросо во Охрид


претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо

претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо

Високата делегација на Брисел, предводена од претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и еврокомесарот за проширување Штефан Филе допатува во Македонија во рамките на турнејата по неколку земји од Западен Балкан. Во вилата ,,Охрид,, е во тек средба на Баросо и Филе со премиерот Никола Груевски. Веднаш потоа е предвидена пленарна средба на делегациите на Македонија и на Европската комисија. Најавени се и средби на Баросо со лидерите на СДСМ и на ДУИ, Бранко Црвенковски и Али Ахмети. Во рамките на посетата Баросо и претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов ќе одржат предавање на тема „Патот кон интеграцијата во ЕУ: Партнери во реформите за наша заедничка европска иднина“.
XS
SM
MD
LG