Достапни линкови

logo-print

Ал Садр: ќе продолжи отпорот против силите на САД во Ирак


Ирачкиот радикален шиитски свештеник Муктада ал Садр денеска изјави дека неговите приврзаници ќе го продолжат вооружениот отпор доколку американските сили не се повлечат од Ирак според предвиденото. Оваа негова изјава била прочитана на протестот во Багдад што се одржа на осум годишнината откако ирачкиот главен град беше заземен од американските сили. Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс неделава изјави дека некои американски трупи ќе останеле во Ирак уште неколку години, иако според предвиденото, тие треба да ја напуштат земјата до крајот на оваа година.
XS
SM
MD
LG