Достапни линкови

Обама го поздрави договорот за федералниот буџет


Спикерот на Претставничкиот дом Џон Бонер

Спикерот на Претставничкиот дом Џон Бонер

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека договорот што во последен момент го постигнаа конгресните лидери со кој се одбегна затворање на владините служби се случил поради тоа што работеле заедно американци со различни верувања. Обама додаде дека некои од кратењата ќе бидат болни, но оти Белата Куќа ги заштитила нејзините приоритени проекти. Спикерот на Претставничкиот дом, републиканецот Џон Бонер извести за постигнатиот договор на два часа пред последниот рок по што американската влада ќе мораше да прекине голем дел од активностите.
XS
SM
MD
LG