Достапни линкови

Стејт департментот за човековите права во Македонија


Во најновиот годишен извештај на американскиот Стејт департмент за човековите права во светот во минатата година, во делот на Македонија се наведуваат извештаи за притисоци на владата врз медиумите и судството, како и за тензични меѓуетнички односи во земјата.

Стејт департментот наведува дека имало извештаи оти властите во Македонија го злоупотребиле притворот поради политички причини и оти некои судии се изјасниле дека имало силен политички притисок врз судството што понекогаш влијаело врз нивните пресуди. Владата, како што се наведува, ги критикувала медиумите и се обидувала да влијае врз нивното известување преку манипулирање на нејзините трошоци за рекламирање. Во извештајот се додава дека Владата беше еден од најголемите откупувачи на рекламирањето во земјата и дека фаворизира куќи и новинари кои ги смета за пријателски.

Тензиите меѓу етничките Македонци и етничките Албанци продолжуваат да влијаат врз индивудалните можности за образование, вработување и политичко учество. Учениците од различни етнички групи обично учат во посебни училници, во одделни наставни смени или во одделни објекти. Етничките Албанци продолжуваат да се жалат на нееднаквa застапеност во владините министерства.

Имаше извештаи за дискриминација на лицата со посебни потреби и на Ромите.

Иако со закон се предвиедни кривични казни за корупција, владата не го спроведува ефикасно, а официјални лица често неказнето се вклучени во корупција, се наведува, меѓу другото, во најновиот годишен извештај на Стејт департментот за состојбата со човековите права во Македонија.
XS
SM
MD
LG