Достапни линкови

Американските војници можеби ќе останат во Ирак и по 2011-та


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс, кој е во посета на Ирак, изјави денеска дека Соединетите Држави би можеле да го продолжат присуството на своите воени сили во Ирак и по оваа година, што е предвиениот рок за повлекување. Зборувајки пред американските војници во северен Ирак, Гејтс истакна дека, доколку ирачаните побараат, американските сили би можеле да останат уште две, три години. Моментално во Ирак има 47 илјади американски војници.
XS
SM
MD
LG