Достапни линкови

Мај е краен рок за преговори за финансиската помош за Португалија


Оли Рен по министерскиот состанок на ЕУ во Унгарија

Оли Рен по министерскиот состанок на ЕУ во Унгарија

Министрите за финансии на ЕУ денеска во Унгарија се согласија дека средината на Мај е краен рок за преговори за пакетот помош за Португалија. Евро комесарот за финансии Оли Рен изјави дека ова е чекор кон финансиска стабилизација на Европа и помош за Португалија да ја надмине финансиската криза. Формалното барање Португалија го поднесе вчера, и по Грција и Ирска, е трета земја членка на Европската Унија која бара финансиска помош за излез од должничката криза. Според анализите на Португалија и се потребни 80 милијарди евра помош.
XS
SM
MD
LG