Достапни линкови

На Брегот на Слоновата Коска откриени над 100 тела


 Abidjan, 05Apr2011

Abidjan, 05Apr2011

Oбединетите нации денеска соопштија дека биле откриени над 100 тела, од кои некои биле закопани живи, на Брегот на Слоновата Коска. ОН се сомневаат дека станува збор за етнички мотивирани убиства. Откритието доаѓа ден по објавата на меѓународно признатиот победник на претседателските избори Аласан Оатара дека Претседателот Лаурент Гбагбо, кој одбива да ја предаде власта ја води нацијата кон хуманитарна криза. Оатара вети подобрување на ситуацијата и побара од ЕУ и Западно-африканската централна банка да ги укинат санкциите врз пристаништата, банките и другите бизниси.
XS
SM
MD
LG