Достапни линкови

logo-print

Македонија и Косово потпишаа договори за соработка во кривичната материја


Михајло Маневски - министер за правда

Михајло Маневски - министер за правда

Македонскиот министер за правда Михајло Маневски денеска во Приштина со косовскиот колега Хајредин Кучи потпишаа договори за заемна правна помош, за екстрадиција и за трансфер на осудени лица.
Како што јави МИА, со овие договори ќе се овозможи зајакнување на меѓународната соработка во областа на справување со криминалот, ќе се зајакнат капацитетите на институциите, ќе се овозможи брза и ефикасна судска постапка со што едновремено ќе се одговори на проблемите што двете држави ги имаат во гонењето на криминалот.
XS
SM
MD
LG