Достапни линкови

Грчка саботажа - наш пораз


Од резолуцијата на Европскиот Парламент придавката ,,македонски“ заменета со ,,поранешната југословенска Република Маедонија“

Од резолуцијата на Европскиот Парламент придавката ,,македонски“ заменета со ,,поранешната југословенска Република Маедонија“

За власта бришењето на придавката „македонски“ од резолуцијата на ЕП е грчка саботажа. За опозицијата, уште еден пораз за македонската дипломатија.

За власта доказ дека Грција нема проблем само со името, туку и со македонскиот идентитет, за опозицијата, пак, доказ за неспособноста на власта. Вака македонските политички елити ја коментираат Резлоцијата на ЕП во кој придавката ’македонски‘ се заменува со ’на поранешната југословенска Република Македонија, а македонскиот јазик се именува како официјален.
Јасно е дека ова е грчка саботажа. Иако сме навикнати да ги слушаме грчките европратеници како зборуваат за демократија, човекови права и европски вредности, вчера тие го покажаа своето вистинско лице.


Во денешното соопштение МНР му се заблагодарува на Европскиот парламент, „кој уште еднаш ја потврди и реафирмираше препораката за итно отпочнување на преговорите за полноправно членство на Македонија во ЕУ и за сугестиите за понатамошните чекори во Европската агенда на земјата“. Во соопштението се наведува дека Грција се обиде да ја сруши или да го одложи гласањето за Резолуцијата и да ја девалвира користејќи национално чувствителни прашања.

„Јасно е дека ова е грчка саботажа. Иако сме навикнати да ги слушаме грчките европратеници како зборуваат за демократија, човекови права и европски вредности, вчера тие го покажаа своето вистинско лице и уште еднаш можеме да заклучиме дека хипокризија е грчки збор, но и грчка пракса“, се наведува во соопштението од МНР.

Пратеникот Владо Бучковски од опозицискиот СДСМ вели дека ова е пораз за македонската дипломатија. Тоа ја покажува неспособноста на власта да се
Грција остварува дел од своите намери за кои наводно владата имаше стратегија како да ги одбрани нашите идентитетски
прашања. Удирањето во гради на овие лажни патриоти скапо
ја чини Македонија.
справи со тенденциите, Грција да добие предност во пресрет на евентуалното постигнување компромис за името, вели Бучковски.

,,Грција веќе де факто остварува дел од своите намери, за кои наводно владата знаеше и имаше стратегија како да ги одбрани нашите идентитетски прашања. Удирањето во гради на овие лажни патриоти скапо ја чини Република Македонија.“

Пратеникот Петар Поп Арсов од ВМРО-ДПМНЕ вели дека најважниот дел во оваа Резолуција е тоа што ЕП за прв пат повикува преговорите за членство да започнат, не во најскоро време, туку веднаш. Во однос на бришењето на придавката македонски од Резолуцијата, Поп Арсов вели дека Грција продолжува со настојувањата за бришење на нашиот јазик и идентитет.


„Ние како влада постојано укажувавме на фактот дека при спорот што го наметна Грција во однос на нашето уставно име, не е проблем само името, туку и идентитетот и јазикот и еве со оваа резолуција тоа излегува на површина. Жално е што Европскиот парламент потклекна под грчките напади со цел да и овозможи на Македонија забрзан евроинтегративен процес и со цел во рамки на оваа резолуција да влезе дефеницијата „започнување на преговори веднаш“, веројатно направен е некаков компромис којшто оди на штета на македонскиот јазик.“

Поранешниот министер за надворешни работи, професор Денко Малески вели дека е очигледно оти во ЕУ е отворено и прашањето на судирот на идентитети. Во ЕП, преовладало мислењето дека, кога Македонија и Грција спорат околу античкото наследство, треба да се дефинира кој и што
Ние како влада постојано укажувавме на фактот дека при спорот кој што го наметна Грција во однос на нашето уставно име, не е проблем само името, туку и идентитетот и јазикот и еве со оваа резолуција тоа
излегува на површина.
подразбира под терминот македонски.
На прашањето, дали Македонија ја губи битката за идентитетот, Малески со одговор - зависи што подразбираме под идентитет.

„Оние кои што преку државната политика го афирмираат античкиот македонски идентитет, тие имаат проблем да се соочат со меѓународната јавност, не само политичка туку и историска и друга, да го објаснат тоа. Оние како мене, кои што немаат проблем со фактот дека нашиот базичен идентитет како и јазикот е словенски, не порекнувајќи го се разбира минатото кое постоело на овие територии, не би имале таков проблем.“

Малески вели дека бришењето на придавката ’македонски‘ покажува дека на подолг рок не очекува и дебата за античкото наследство, веројатно во тек на преговорите за членство со Унијата.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG