Достапни линкови

Политички противник или непријател?


Црвенковски и Груевски - политички противници или непријатели?

Црвенковски и Груевски - политички противници или непријатели?

Слика на македонската политичка сцена - политичкиот опонент наместо противник, се персонализира во непријател.

Бранко Црвенковски прифати избори во истиот ден кога се објави аферата Надеж 2. Бранко Црвенковски сака да си обезбеди пратенички имунитет. Со реклама на две страници во весниците, ВМРО-ДПМНЕ ја почна битката пред изборната кампања против СДСМ и првиот човек на партијата. Со цел „Да не
Опонентот мора да се набљудува како политички противник, а никако како
непријател.
се заборави“, испишани се видувањата на владејачката партија за тоа што Црвенковски направил од независноста на земјава па се до 1994 година, а се навестува и продолжение за неговите чекори и во понатамошниот период.

Професор Здравко Савески вели дека персонализацијата на непријателот е новитет во македонската политика, која негативно се одразува врз демократијата.

Негативна кампања против лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски во весниците

„Политичкиот противник, опонентот мора да се набљудува како политички противник, а никако како непријател. Перцепцијата и наметнувањето на перцепција дека се работи за непријател е надвор од демократските стандарди, така што не би требало тоа да се прави ако се има предвид, ако се работи за една демократска партија на која и се важни демократските традиции и вредности.“

Политичкиот аналитичар Назми Малиќи вели дека ВМРО-ДПМНЕ на погрешен начин ја сфаќа политичката пропаганда и платформа пред изборите.

„Со ваквите настапи, со ваквите реклами, со ваквото инвестирање во кампањи како ВМРО-ДПМНЕ да го промени просторот, како повеќе да помина во опозициона партија затоа што тие пред граѓаните треба да бидат појасни и покоректни и да известат што тие инвестирале во изминативе пет години.“
Негативна кампања против владејачката ВМРО-ДПМНЕ

Според Савески, мотивацијата на политичките партии кои се занимаваат повеќе со противникот, отколку што има таа да понуди е да ги привлечат оние граѓани кои наместо за гласаат против некоја партија на изборите.

„Да го канализира незадоволството кон другата партија за гласање за мојата партија, но тоа е нездрав процес кој е за осуда, но она што за жал во Македонија се случува е тоа дека партиите се повеќе и повеќе се одлучуваат на такви чекори.“

Според ВМРО-ДПМНЕ, Македонија на изборите ќе бира меѓу нивните реформи, работливост, реформи и чесност и посветеност наспроти корупцијата, убиствата, транзицијата, предавствата и криминалот на опозицијата.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG