Достапни линкови

За либијските бунтовници е прифатлив турскиот предлог за примирје



Либијските бунтовници го поздравија предлогот на Турција за примирје, кој вклучува и повлекување на силите лојални на Моамер Гадафи од опколените градови во западниот дел на земјата. Лидерот на бунтовничкиот совет Мустафа Абдул Џалал изјави за Ал Џезеира дека ќе го прифати предлогот од турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган доколку Гадафи и неговото семејство ја напуштат земјата. Ердоган најави дека за ова ќе се расправа во наредната недела во Катар, повторувајки дека Турција ги подржува барањата на бунтовниците.
XS
SM
MD
LG