Достапни линкови

Проблеми во уште една нуклеарка во Јапонија


Во нуклеарната централа Онагава во северо-источна Јапонија, се излеала вода во сите три реактори по синоќешниот нов земјотрес со јачина од 7,1 степени. Вода имало и во зградата каде што се реакторите и контролните панели. Инаку, во синоќешниот земјотрес во Јапонија, најмалку две лица загинале, а над 100 биле повредени. Нуклеарната централа Фукушима, која беше тешко оштетена во земјотресот и цунамито од 11-ти март, не претрпела дополнителни последици.
XS
SM
MD
LG