Достапни линкови

Либиските бунтовници изјавија дека нападите на НАТО најверојатно биле пријателски оган


Лидерот на бунтовниците во Либија Абдел Фатах изјави дека нападот на НАТО врз тенковски конвој веројатно бил случај на пријателски оган .Бунтовниците изјавија дека биле погодени од авионски напади на НАТО во близина на нафтено поле кај местото Брега каде една недела се води битка меѓу бунтовниците и силите кои се лојални на Муамер Гадафи.Лидерот на бунтовниците Фатах рече дека бара одговор за авионскиот напад во кој загинале четири лица а биле повредени четиринаесет други. Нато не ја презеде директно одговорноста за нападот.
XS
SM
MD
LG