Достапни линкови

Русија испрати нови документи за Катјин во Полска


Русија испрати 11 тома документи во Полска во врска со масакрот во Катјин во 1940 година во кој беа убиени 20,000 Пољаци. Со тоа руската влада до сега предаде 148 тома документи во врска со масакрот, меѓу кои има и криминални досиеа како и информации за локациите каде се погребани жртвите. Советскиот сојуз со години лажно ги обвинуваше нацистите за масакрот, се` до мандатот на Михаил Горбачев, кој ја призна улогата на ССР во инцидентот во 1990 година.
XS
SM
MD
LG