Достапни линкови

logo-print

Баросо за евроинтеграцијата на Хрватска: Потребни се дополнителни напори


Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ја поздрави посветеноста на Хрватска за брзо пристапување кон ЕУ, но избегна да го потврди јуни како датум за завршување на преговорите за членство, како што планира хрватската Влада. „Потребни се дополнителни напори. Не може да зборуваме за конкретен датум. Секогаш истакнуваме дека содржината е поважна од брзината“ изјави Баросо по разговорот со хрватската премиерка Јадранка Косор. „Јуни е многу предизвикувачка и амбициозна цел. Јас сум на оваа функција веќе шест години и тоа е најубедливата Влада што се однесува до посветеноста на интеграцијата во ЕУ. Целта на постета е да ги охрабрам за последните напори“ дополни Баросо. Косор пак, изјави дека јуни останува релаен рок за завршување на преговорите со ЕУ, кој започнаа во 2005 година, и што ќе и овозможи на Хрватска да стане полноправна членка на Унијата во 2012 година.
XS
SM
MD
LG