Достапни линкови

Дневен печат


Весници, неделници, печат...

Весници, неделници, печат...

Каква ќе биде изборната кампања, 40-те илјади „нови“ гласачи, нова владина рекламна кампања - дел од темите во дневните печатени медиуми.

Економијата ни тоне и понатаму, ама затоа - избори ќе има. Експертите што ги консултирал весникот Време сметаат дека Македонија ја очекуваат историски избори со валкана кампања, целосна политичка недоверба и меѓусебни обвинувања за изборен фалсификат. Нова Македонија наведува дека надлежните, низ чии раце помина и се прочистуваше избирачкиот список, немаат објаснување како Македонија од почетокот на годинава доби 40 илјади нови гласачи, а Дневник ги пренесува обвинувањата од СДСМ и од ЛДП дека со нерасчистениот Избирачки список ВМРО-ДПМНЕ подготвува изборна измама. Провладиниот Вечер насловува дека СДСМ со тоа барал алиби за поразот што ќе го доживеел на 5 јуни.

И со дијаспората има шпекулации. Наводно, Ахмети и Груевски веќе се договориле Македонците од Америка и од Австралија да избираат двајца, а Албанците во Европа еден пратеник, наведува Време.

Исто така, Време забележува дека со објавувањето на денот на изборите требало да престане рекламирањето на Владата, но во петокот се
„Време“ забележува дека со објавувањето на денот на изборите требало да престане рекламирањето на Владата, но во петокот се обелоденети дури три нови договори за нејзино рекламирање, тешки неколку стотици илјади евра, а телевизиите вријат од самопофалнички спотови за тоа што сторил Кабинетот на Груевски во здравството, земјоделството, образованието...
обелоденети дури три нови договори за нејзино рекламирање, тешки неколку стотици илјади евра, а телевизиите вријат од самопофалнички спотови за тоа што сторил Кабинетот на Груевски во здравството, земјоделството, образованието...

Утрински го цитира претседателот на Советот за радиодифузија Стефаноски, кој смета дека валкана игра во кој се злоупотребени медиумите постои од почеток и дека тоа е опасна игра што може да го загрози целиот изборен процес, што, пак, ќе носи негативни оценки од ЕУ.

А во меѓувреме, за два месеца од оваа година, Македонија остварила дефицит од околу половина милијарда долари, што е за 220 милиони повеќе од ланскиот во истото време, што значи дека земјава продолжува со скап увоз, а ефтин и мал извоз, а тоа значи тапкање в место на економијата, наведува Утрински.

Речиси сите опозициски медиуми ги објавија обвинувањата од СДСМ дека постои корупција во размената на објекти меѓу државата, односно Владата и Телекомот, како и за тоа дека две години надлежните ја криеле сомнителната трансакција на милиони долари од Уганда.

И како за крај на овој преглед, Утрински го цитира бугарскиот европратеник Вигенин, новиот известувач за Македонија, дека по 5 јуни топката ќе биде во рацете на Македонија и дека без разлика која ќе биде Владата, нема да има никакви оправдувања во однос на напредокот за преговорите за името со Грција, зашто натамошното одлагање ќе има негативни последици за земјата и за народот и за нивниот социјален и економски развој, како и за меѓуетничкиот соживот.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG