Достапни линкови

Американската ДЕА отвори канцеларија во Бугарија


Aмериканската Агенција за борба со наркотиците, попозната како ДЕА, отвори експозитура во Софија, Бугарија. Тоа, според бугарскиот министер за внатрешни работи Цветан Цветанов е приоритет во билатералните односи меѓу двете земји. Бугарија, како што пренесуваат бугарските медиуми, од Стејт департментот на САД за меѓународна стратегија за контрола на наркотиците добила позитивна оценка за својот дел од борбата за сузбивање на шверцот со наркотици. Цветанов разговарал со директорт на ДЕА Мишел Лајонхарт, на маргините на меѓународната конференција за борба со наркотиците, што се оддржува во Мексико.
XS
SM
MD
LG